Филипче: Ги подготвуваме болниците за сите можни сценарија

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи соопшти дека одржал координација утрово со директорите на Клиниките во Скопје, директорот на КБ Тетово и Институтот за белодробни заболувања Козле.

„Навремено ги поставуваме здравствените ресурси и разговаравме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран. Системот се организиран, болниците ги подготвуваме за сите можни сценарија – лекување на позитивни пациенти, но истовремено да продолжи да тече редовниот програм за итните случаи и пациенти со малигни заболувања како и ротации на персоналот“, посочи министерот.

Тој нагласува дека во болниците веќе се чувствува притисок за хоспитализации и критични се неколку градови.