Министерот за здравство Венко Филипче денеска на Институтот за трансфузиона медицина го посети тимот од Министерство за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) кои изготвија записник за прием на вакцината на „Фајзер“.
Во записникот, како што соопшти Министерството за здравство, се утврдува дали е почитуван ладниот ланец во тек на транспортот на вакцината, како и начинот на отпакување и складирање на вакцината.
Вакцините беа спакувани во кутија со сув мраз, каде во одделни кутии се спакувани повеќедозажни вијали, стои во соопштението