Граѓаните со ретки и хронични болести се оставени сами на себе и на прашање вакцинација против КОВИД-19. Министерот за здравство Венко Филипче на одговор на новинарско прашање посочи дека приоритет е возраста, а не болеста од која боледува граѓанинот.
Имаше реакција од Здружението на хронично болни и Здружението на ретки болести дека биле изоставени како приоритетни за вакцинирање. Кога ќе им дојде редот на овие пациенти, го запраша новинарката министерот за здравство Венко Филипче при настанот во Спортскио центар „Борис Трајковски“.
„Нашиот став е дека согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои што се пријавени. И знаат членовите на Здруженијата, со оглед на тоа што има огромна бројка на граѓани мои што имаат хронични болести и нашиот став е дека ќе одиме според возраста. Односно како ќе стигне најголемата количина на вакцини. За тоа апелирам и да се пријават согласно пријавувањето ќе се вакцинираат понатаму. Практично после велигденските празници кога ќе стигне најголемата количина од вакцината на Синофарм“, одговори министерот за здравство Венко Филипче.
Според Здруженијата во листата приоритетни граѓани за вакцинација треба да влезат хронично болните и лицата со ретки болест. Од Здружението „Живот со предизвик“ велат треба да се вметне листата со ретки болести според која матичните ќе можат да закажат термин и овие лица приоритетно да бидат имунизирани. Имено, кај граѓани со овој тип на заболувања и болести вирусот КОВИД-19 може да предизвика тешки последици и токму поради тоа секаде во Европа имаат приоритет за вакцинација.