Филипче гласаше, сега од утре може карантин за народот

Во услови на воведен полициски час, над 1.000 новозаболени дневно, близу 50 починати од коронавирус во последните 48 часа, пренаменување на голем дел од клиниките во ковид центри, министерот за здравство Венко Филипче, кој самиот потврди дека се наоѓаме во силен трет бран на епидемијата, денеска на Фејсбук објави дека гласал на непосредни внатрепартиски избори во СДСМ.

-Гласав на првите непосредни внатрепартиски избори во СДСМ. Нашата партија се демократизира и напредува, напиша Филипче на Фејсбук.

Ваквата објава на министерот наиде на силни негативни реакции кај граѓаните кои му порачаа наместо зад параван да гласа за единствениот кандидат за претседател на СДСМ, Зоран Заев, да обезбеди вакцини за граѓаните и да ја менаџира состојбата со вирусот.

Инаку, утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а министерот за здравство на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот.