За Филипче ситуацијата со корона е под контрола кога во болница влегуваш со негативен тест, а излегуваш со позитивен тест на корона, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-За Филипче ситуацијата е под контрола ако пациент за итна операција влегува во болница негативен, а чекајќи ја операцијата добива и позитивен тест и го праќаат! Или ако човек кој е на умирање, а поради неорганизираниот здрaвствен систем не може да му се направи итна хируршка интервенција, во меѓувреме чекајќи ја истата се заразува и го праќаат дома. За Филипче под контрола е ситуацијата ако сите здравствени установи се ковид центри, остантите не мора да се лечат, нека умираат. А умираат од корона дневно по дваесетина, некогаш и повеќе од 40 лица, или речиси илјада и петсoтини лица починаа за стоте дена влада, потенцираат од партијата.
Од таму додаваат дека ситуацијата е под контрола очигледно постои само во главата на Филипче.
-Зошто? Затоа што граѓаните не можат да добијат основна грижа, нема соодветна терапија, нема просторни услови, медицинските лица кои ионака се малку едвај издржуваат. Време е за одговорност! Мора да се стави крај на ваквото однесување на Филипче! Затоа Филипче и премиерот во заминување треба да заминат веднаш, стои во партиското соопштение на јавноста.