![инфективна велес](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/infektivna-veles.jpg?resize=696%2C364&ssl=1)
Заврши увидот на Институтот за судска медицина на мајката и синот кои беа најдени починати во нивниот дом во Велес. Според сите анализи состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации кои ги добија докторите од Институтот констатирано е дека смртта настапила три до пет недели од моментот на пронаоѓање, што е во текот на март, а не во јануари како што иницијално беше споменато, истакна на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека согласно тоа нема интерес да се прават дополнителни истражување, но, продолжува работата во однос на причината за нивната смрт.