Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на премиерот во заминување Зоран Заев, му подари слика во знак на благодарност. Сликата му беше врачена во Националната опера и балет, а беше во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-центрите.
„Дозволете да ви врачам подарок за долго сеќавање. Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагодарам што не кажавте „Не“ за потребата и барањето за било која инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме со ваша помош здравствените работници од потценети и исмевани да ги направиме повторно горди и почитувани луѓе во нашето општетсво“, рече Филипче обраќајќи се кон Заев.