Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалната мрежа на Фејсбук му се заблагодари на премиерот во оставка Зоран Заев за соработката.
Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години. Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници. Му благодарам на соработката, посветеноста и пред се човечноста која ја покажа при определувањето на приоритетите во Владата, пишува во својата објава Филипче