![vakcinacija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/vakcinacija-1.jpg?resize=696%2C482&ssl=1)
Властите во државава размислуваат да почнат со вакцинација на малолетни деца во периодот до почетокот на следната учебна година.
Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, во текот на следните месеци ќе се прават анализи за можно вакцинирање на децата од 12 до 16 години. Според него, целта е да се изработат протоколи со кои ќе се овозможи децата да се вратат на физичка настава во училиштата од 1 септември.
Филипче вели дека во САД веќе е во тек вакцинирање на децата на таа возраст и најавува дека може да се проектираат доволни количества вакцини на „Фајзер/Бионтек“ доколку се донесе одлука да се вакцинираат и помладите генерации. Таквата вакцинација нема да биде обврзувачка.
Филипче сѐ уште нема информации дали и кога ќе пристигнат следните дози на руската вакцина „Спутник В“ во земјата, иако такво нешто беше најавено за крајот на месецов.