Филипче на прес-конференција по 16 часот ќе соопшти за резултатите од корона-тестот на Заев

Резултатите од тестот за присуствот нановиот тип коронавирус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот, a веднаш потоа министерот Венко Филипче ќе одржи прес-конференција на којашто ќе ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата

Во моментов се одржува вонредна консултација меѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот.

Претходно во петокот беше објавено дека Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се наоѓаат во задолжителна самоизолација, откако било потврдено дека новинарот и уредник на телевизијата Канал 5, Гоце Михајловски е заболен од Covid-19. Тој на почетокот од април водеше интервју со двајцата политичари, а откако неговиот тест на коронавирусот бил позитивен е згрижен во Градската општа болница „8-ми Септември“ и е во стабилна состојба.

Мицскоски објави дека неговиот тест на коронавирусот бил негативен, но дека ќе ги почитува препораките за самоизолација.

Насоки од министерството за здравство очекуваат и членови на Владата, кои имале контакти со Заев, како и соработниците на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ.