Филипче не може цели три месеци да формира органи на СДСМ

Три месеци откако Венко Филипче стана претседател на СДСМ, партијата се уште не успеала да ги формира новите партиски органи, предизвикувајќи загриженост кај дел од членовите и јавноста.

И покрај ветувањата за брзи и ефикасни промени, процесот за избор на органите, вклучувајќи ги и извршниот и централниот комитет, се одолговлекува. Оваа ситуација го отвара прашањето за внатрешната организација на СДСМ и капацитетот на Филипче да ја води партијата во ваков период.

За состојбата во која е СДСМ предвоена од Филипче коментираат и поранешни функционери од партијата.

„СДС нека се зафати да си го исчисти својот двор, нека го заврши отчетниот конгрес за своите претходни 7 години работа, нека одржи еден нормален состанок, а потоа нека се зафаќа со работата на новата Влада“, изјави Софија Куновска на синоќешното гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Одолговлекувањето се гледа како доказ за слабости во лидерството, што дополнително ја зголемува критиката дека Филипче, и покрај неговите успеси како поранешен министер за здравство, не е подготвен за предизвиците на партиското водство.
СДСМ соочена е со пад на рејтингот и внатрешни поделби, има потреба од цврсто раководство, но според досегашното дејствување на Филипче не покажува јасни знаци за стабилност и консензус во партијата.

За ова тој не е подготвен, тоа е истиот поранешен министер за кој се нижат критики и скандали за негови одлуки и постапки кој го довеле само до новата претседателска функција на партијата. Во време на корона Филипче беше заинтересиран само за тендери, корупција, криминал, префрлање големи суми на пари на сметка на која истиот е инвеститор. Тоа е доказ за неговото работење.

Овие контроверзии дополнително го загрозуваат неговиот политички интегритет, особено бидејќи јавноста очекува поголема транспарентност од новоизбраниот лидер на СДСМ, кој треба да ја води партијата до следните избори. Неговата неспособност да формира раководни органи три месеци по преземањето на функцијата го става СДСМ во политички вакуум, што ги зголемува критиките за неговото водство и ја намалува довербата во партијата.