Министерот за здравство Венко Филипче не го слушнал предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за обештетување на граѓаните кои се вакцинираа во Србија.
-Не сум го слушнал повикот на опозицијата, не знам во која форма бара обесштетување. Меѓутоа, да го слушнеме предлогот и може да поразговараме за што било, секогаш сме отворени да разговараме за каква било добра идеја, за нешто што може да се имплементира, изјави Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и премиерот Зоран Заев за неспособност во справувањето со пандемијата бидејќи околу 20 000 граѓани изминатиот викенд беа да се ревакцинираат во Србија и затоа побара Владата да им ги рефундира парите на граѓаните што се вакцинираа надвор од земјава.