Венко Филипче, министерот за здравство денеска истакна дека од утре се почнува со користење на терапија која во многу земји и студии дала резултати.
„Во однос на терапијата, со оглед на тоа што во последните денови излегоа повеќе студии дека дава резултати, ја обезбедивме потребната терапија за голем број на наши пациенти. Повеќе публикации покажаа дека дава добри резултати. Од утре па натаму ќе биде дистрибуирана кај сите пациенти кај кои има потреба. Во повеќе земји веќе ја ставија во употреба, и поради тоа ние го правиме истото“, рече Филипче.