Венко Филипче, министерот за здравство денеска кажа дека во последните седум дена бројот на хоспитализирани пациенти е 150, а од нив под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, но дека нивната состојба е добра.
„Од вкупниот број на примени пациенти, кој што е некаде околу 150, и е значајно е зголемен во изминатите 7 дена, под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, и тоа пациенти во релативно добра здравствена состојба. Од тука доаѓаме до делот на вакцините. Делта сојот е доминантен, за тој сој е научно потврдено дека за 60-70% побрзо се шири за разлика од Алфа сојот, и детектирана е поголема количина на вирусот. Дали таа поголема количина ќе придонесе за потешка слика на ковид, се уште не е истражено“, рече Филипче.