Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната енергија и ентузијазмот за време на одржување на Конгресот.

-Денеска се одржаа два конгреси на СДСМ 29-от оној кој прекина претходниот пат и новиот 30-ти конгрес. На овој конгрес присуствуваат новоизбраните делегати и можам со навистина големо задоволство да констатирам дека имаше одлична енергија, нова сила и ентузијазам кој беше многу видлив кај сите присутни. На овој конгрес беше избрана нова заменик претседателка на СДСМ тоа е Фани Каранфилова Пановска на која ја користам и ова прилика да и упатам искрени честитки. Таа е човек кој се познавам долго време, знам дека цврсто верува и во себе ги носи социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации и соработувала со други правни субјекти коишто ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија. Истовремено беа избрани и нови членови на Централниот и Надзорниот одбор. Тоа беше процес на селекција на луѓе во изминатите 5 месеци од практично мојот мандат за претседател на партијата. Изберавме луѓе коишто се почитувани во општинските организации, имавме соодветни критериуми по кои беа избрани и на нив им посакувам успешна работа. Сметам дека ќе бидат одлични претставници во својот регион, на општинските организации, рече Филипче.

Претседателот Филипче најави дека во текот на наредната недела ќе биде комплетиран изборот и на останатите раководни органи и тела на СДСМ.

-Првиот состанок на новиот состав на Централниот одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, Потпретседателите и секретарите на партијата со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на ново партиско раководство, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.