0.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Филипче: Поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба, но строго да се регулира

Апсолутно, јас лично поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба, но сметам дека треба да се дискутира, треба строго да се регулира, меѓутоа, лично го поддржувам тој процес.

Ова го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашната дебата на „360 степени“ на тема декриминализација на канабисот и кој модел би можел да функционира во Македонија.

„Подготвени сме да отвориме една многу широка дебата во општеството во која што ќе учествуваат сите чинители.  Подготвени сме да ги слушнеме идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, да видиме кои процеси треба да ги преземеме. Тука Министерството за здравство не е само, тука има и други институции на државата како Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи“, рече Филипче.