Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја на народот. Матните тендери во РЕК Битола, каде што фирми блиски до Заев испумпуваа десетици милиони евра и 7 години го опустошуваа енергетскиот комбинат, за Филипче не е криминал, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој сега веќе е поништен од новото раководство во РЕК Битола, е само дел од многуте тендери каде што фирми како Јавор Транс и други, блиски до аболицираниот Заев, испумпуваа милиони, потенцираа од партијата.
Потрчкото на Заев, Филипче не се откажува од својот ментор, а со тоа не се откажува од поскапата цена на струјата заради која страдаше народот, ниту од криминалот во РЕК Битола, нотираа во соопштението.
Филипче и неговото раководство, не се откажуваат од аболицираниот Зоран Заев, туку напротив, продолжуваат со неговите политики да ја водат СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.