Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави во неделата дека на скопскиот аеродром слетал првиот авион со вакцини од кинескиот производител „Sinovac“, а дека попладнето се очекува да пристигнат и другите количества.
„Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром. Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“ напиша Филипче.