Филипче: Се очекува до 2.500 заболени, граѓаните да бидат дисциплинирани

Околу 2.000 – 2.500 заболени очекува министерот за здравство Венко Филипче во пикот од коронавирусот што допрва ќе ја зафати земјава. Тој вечерва на прес-конференцијата што првпат ја одржа онлајн зашто од денеска е во самоизолација, уште еднаш апелира до граѓаните да бидат дисциплинирани, да не се групираат и строго да се придржуваат до мерките за заштита.

Филипче информира дека Комисијата за заразни болести утре, во 8:30 часот наутро, на состанок ќе го разгледа барањето за воведување карантин во Куманово. Според него, прашање е колку оваа мерка би била ефикасна со оглед дека околу 4.000 жители на Куманово работат во Скопје и патуваат секој ден.