Вирусот нема да исчезне туку така, тој ќе биде присутен, а пандемијата ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат министерот за здравство, Венко Филипче.
Запрашан дали би можело да се очекува попуштање на ситуацијата во текот на летните месеци Филипче рече дека вели:
„Веројатно е дека ќе биде присутен и веројатно ќе се јавуваат бранови на пациенти, но битно е епидемиолошката крива да се растегне во што подолг временски период“, вели Филипче, додавајќи дека вакцината против овој вирус би можело да се очекува дури во 2021 година.
Фото: Алсат М