
Засега нема дополнителни мерки, во понеделник со Комисијата за заразни болести ќе се разговара за делта сојот, ширењето на вирусот и можната заштита на границите, најави дека министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска се сретна со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.
-На состанокот со Комисијата за заразни болести во понеделник ќе зборуваме за ширењето на делта сојот и за можната заштита на нашите граници. Ќе ги слушнеме предлозите, но засега нема да има дополнителни мерки на територијата на земјава“, изјави Филипче на прес-конференцијата на која беше соопштено дека Хрватска освен 10 илјади вакцини „Астра Зенека“, ќе донира во Македонија уште 20 илјади вакцини, од производителите „Астра Зенека“ и „Модерна“.