Венко Филипче, министерот за здравство уште еднаш апелираше на сериозна одговорност и мобилизираност од страна на граѓаните. Тој напомена дека состојбата е крајно сериозна, и побара од граѓаните максимално почитување на мерките.
„Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарм на сите здравствени работници за надчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој огромен здравствен предизвик. Бараме поддршка од сите, од медиумите, од граѓаните. Колку и да е повторено, клучот во битката е доследно почитување на мерките“, рече Филипче.
Тој побара од граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба.
„Вирусот е широко распространет, и најмало невнимание може да значи инфекција. Имаме одлични мерки, и на утрснкиот состанок дополнителни мерки, дополнителни рестрикции не треба да се прават во моментов. Апелирам да се почитуваат сега мерките, да не се излегува од дома ако се нема потреба, само до маркет, работа или училиште… Само солидарни можеме да се справивме со кризата“, вели Филипче.