Изградбата на нашиот клинички центар и клиничкиот центар во Белград се две различни работи бидејќи во Белград веќе постои изграден објект кој не е во функција, рече министерот за здравство, Венко Филипче запрашан за став по тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека најавениот клинички центар кој треба да се гради кај нас е неколкукратно поскап од тој што ќе се гради во соседна Србија.
„Зградата во Белград со години е празна и властите во Србија одлучија сето тоа да го реновираат и да го опремат. Не станува збор ниту за нова градба ниту за капацитет каков што ние планираме. Станува збор за споредба на баби и жаби“, рече Филипче.