Филипче: Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак”

Министерот за здравство Венко Филипче објави во саботата вечерта дека урција ќе ни ѝ донира на Македонија 30.000 дози од кинеската вакцина „Синовак” против коронавиорусот.
„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган“, стои во фејсбук статусот на Филипче, кој со премиерот Зоран Заев беше во посета на Турција.