![Filipce oliver](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/Filipce-oliver.png?resize=644%2C424&ssl=1)
На Клиниката за инфективни болести починаа три лица – пациент од Кочани на 40-годишна возраст хоспитализаран на 29 март без претходни минати заболовуања, пациенти од Тетово 69-годишна возраст со тумор на мозокот и пациент на 65 години без познати минати заболувања, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Од Клиниката за инфективни болести денеска заминуваат 4 оздравени пациенти, Од Дебар стигнаа резултати од три лица и тие се негативни инаку беа во домашно лекување. До утрово на инфективно се примени 10 нови пациенти и сега се хиспитализарани вкупно 70 лица. Десет се со потешка клиничка слика другите се со средно-тешка клиничка слика. Во болницата 8-септември се примени 4 пациенти за кои се чека резултат и двајца се на респираторна машина. Во Битола е хоспитализиран еден пациент, но во тек е трансфер на сите пациенти коишто беа хоспитализирани во Охрид, а се од околнината на Струга. Во Штип хоспитализирани се четворица, од кои 3 се со сосем лесна клиничка слика. Во овие 24 часа регистрирани се 15 нови случаи.
Вкупната бројка на заразени лица во Македонија е 570 лица.
Оваа бројка е од направени 2020 теста, просекот на ден изнесува 350, намалениот број се должи на тоа што во недела се намалени капациетитети во однос на дежурствата и работењето на луѓето во лабораториите.
Епидемијата постепено го смени текот, сосема очекувано, ова е фаза во која очекуваме бројот на пациенти да расте и токму затоа Владата донесе мерки. Беше забележливо дека досега во една фаза не ги почитуваа мерките, а при предложување на мерките имавме во предвид повеќе фактори, убавото време и празниците пред нас. Само социјалната дистанца ќе стави крај на патот на ширење на вирусот“, кажа Филипче.