„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот ‘рбет, кој ѝ предизвикувал проблем со одењето. На моите колеги што ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката ѝ посакувам што побрзо опоравување“, објави преку својот фејсбук-профил д-р Венко Филипче.
На својата објава тој постира повеќе фотографии од салата за операции.
Д-р Венко Филипче денеска треба да го заврши својот мандат како министер за здравство. Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од расправата за избор на нова Влада на мандатарот Димитар Ковачевски, а гласањето треба да се случи најдоцна до полноќ.
Ковачевски на местото на Филипче го предложи Беким Сали од Алтернатива, новиот владин коалициски партнер.