Филипче: Вакцинацијата за сезонски грип и за Covid-19 може да биде и истовремено

Вакцинацијата за сезонски грип и против коронавирусот, без разлика дали е прва, ревакцина или е трета дозам може да биде и истовремено. Ако, пак, има временска разлика, нема никаква врска колку е временската дистанца, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцинирањето за сезонски грип, Филипче посочи, дека се одвива во центрите за јавно здравје и делови на здравствени домови, нагласувајќи дека станува збор за различни пунктови за вакцинација од сезонски грип и за Ковид вакцинација.

„Во таа смисла, денеска се отворени 4.300 термини во 18 пунктови ширум државата. Со оваа динамика, очекувам дека за десетина дена ќе заврши целокупниот процес на вакцинација, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.