Венко Филипче, министерот за здравство ги соопшти причините за воведувањето на нови мерки, кои почнуваат од утре, односно почнува од 20 до 05 часот.
Филипче објасни дека формата на болеста е различна од онаа од ноември, и сега има повеќе хоспитализирани случаи, а исто така и вирусот има некоја форма, која, како што вели, досега не е видена.
„Се соочуваме со бран кој што е предизвикан од мутација, која е различна од вирусот и бранот од ноември. Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани во болниците, лекувањето трае нешто подолго од претходно, и тоа создава дополнителен товар за сите здравствени установи и работници. Сегашните мерки кои беа на сила не дозволија раст, сепак, е огромна бројката на новодијагностицирани, огромен број на хоспитализирани, иако тоа со динамика се акумулира, и сметаме дека празниците може дополнително да ја комплицираат ситуацијата, и не сакаме да дозволиме во продолжение да се случи уште едно оптоварување на здравствениот систем, вероајтно тешко тогаш би можеле да го менаџариме и затоа се овие мерки.
Во однос на состојбата на регионот, многу земји се соочуваат со тежок бран, така е во Србија, Црна Гора, и во многу земји од средна Европа. Ги ангажиравме сите капацитети во државата. Последно со работа почнува ковид одделението во Битола. Иако има некое намалување на инциденцната, сепак, има градови каде што е таа висока, Куманово, Битола, Кичево и Тетово, и тоа е ризик за целиот здравствен систем.