По новинарско прашање околу тоа дали вакцината на АстраЗенека ќе се употребува во Македонија и покрај тоа што некои европски земји привремено ја стопираа имунизацијата, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во Македонија ќе се користат само вакцини кои што се безбедни.
„Сигурно дека во земјава ќе се користат вакцини кои што се безбедни и проверени, согласно препораките на официјалните институции“, посочи Филипче.
Тој додаде дека во оваа смисла апсолутно нема проблем лично да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека.
Инаку, шефот на Светската здравствена организација вчера истакна дека експертите на агенција за безбедност на вакцини ќе се состанат денеска за да разговараат за вакцината на АстраЗенека.
Фармацевската лабораторија на АстраЗенека пред неколку дена објави дека во истрагата не пронашле докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта кај луѓето имунизирани со вакцината против „ковид-19“, а од ЕМА изјавија дека нема индикации за каузална врска, што во петокот го повтори и Светската здравствена организација.