Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека за првпат во нашата земја добиваме кабинет со биосигурност ниво 3, кој е донација од американската амбасада.
„Овој кабинет е во просториите на Институтот за јавно здравје. САД е нашиот најсериозен стратешки партнер, не само сега, туку години наназад со чија помош значително ги подобривме условите во здравствениот сектор. Се заблагодарувам на амбасадорката Кејт Мари Брнз за несебичното залагање во ковид кризата“, соопшти Филипче.
Тој нагласи дека во лабораторијата на ИЈЗ, од почетокот на пандемијата немало ниту еден инфициран вработен здравствен работник и строго се придржуваат до сите стрикни протоколи.
„Благодарност и до директорот на ИЈЗ д-р Шабан Мемети и д-р Голубинка Бошевска за пожртвуваната, 24 часовна работа на ден од почетокот на кризата“, стои во објавата на министерот на Фејсбук.