Филипче за утре најави состанок со Здружението на матични лекари

Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција во Владата најави дека за утре е закажан состанок со Здружението на матични лекари со цел да се види како да им се помогне околу набавката со заштитна опрема.

– Тие се концесионери и самите ги набавуваат материјалите за работа и лековите, меѓутоа ова е специфична ситуација и за утре е закажан состанок со Здружението на матични лекари за да направиме проценка и да видиме што се можеме да им помогнеме, рече Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.