Филипче за утре закажа прес-конференција, можно е да има нови мерки

Министерот за здравство Венко Филипче за утре закажа прес-конференција на која, најверојатно, ќе бидат соопштени одлуките од седницата на Комисијата за заразни болести.

Прес-конференцијата е закажана за во 11 часот.

Дали Филипче конечно ќе признае дека состојбата не е под контрола и дали ќе се донесат поразумни мерки од полициски час кој започнува во 22 часот, останува да видиме.