Филипе Бјанки: Сеуште не можам да гледам трки во Формула 1

Филипе Бјанки сеуште не може да гледа Формула 1

Бјанки доживеа тешка несреќа за време на трката за ГН на Јапонија ланската сезона и по неколкумесечна борба за живот ја загуби битката, а Филипе пред одбележувањето на годишнината од несаканиот инцидент вели дека навистина му е тешко да следи Ф1.

Не знам, засега ми е премногу тешко да следам Ф1. А, за во иднина, ќе видиме. Можеби ќе можам за неколку месеци или за неколку години повторно да го следам мојот омилен спорт, но сега – не можам. Оваа седмица не е добра за семејството Бјанки, затоа што одбележуваме годишнина од страшната несреќа која ја доживеа нашиот син Жил. Премногу ни недостасува, навистина ни е тешко. Премногу е болно, веќе девет месеци не можеме ни да го гушнеме, ни да го бакнеме. А секојдневно гледаме негови фотографии, изјави Филипе.

По тешката несреќа на “Сузука”, младиот Жил кој важеше за голем талент во Формула 1, беше во кома девет месеци. Тој е прв возач, по Аиртон Сена, кој починал по несреќа за време на трка во овој спорт.