Филипини ја обвинија во петокот кинеската крајбражна стража поради наводни „неиспровоцирани акти на заплашување и опасни маневри“, вклучително и користење воден топ против еден филипински брод во обидот да ја прекинe мисијата за снабдување во Јужното Кинеско Море.
Постапките на Кина, тврдат од Филипини, не само што „ги доведоа во опасност животите на нашите луѓе“, туку и „ја доведоа во прашање и поттикнаа значителни сомневања во искреноста на нејзините повици на мирен дијалог“.
Редовните мисии на снабдување ги поддржуваат филипинските сили стационирани во руиниран воен борд извлечен на копно на островот Секнд Томас Шоал што е британски назив, спорен атол во Јужното Кинеско Море кој Манила го нарекува Ајунгин, а Кина го препознава како Ренаи.
Кина полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море, што го вклучува и Секнд Томас Шоал, и распореди десетици бродови кои патролираат во тие води, вклучително и она што во Манила го нарекуваат „киенска поморска милиција“, за којашто вели дека е вклучена во последниот обид за попречување на мисијата за снабдување.
Кинеското користење на водените топови следеше по низата инциденти во Јужното Кинеско Море, вклучително и судари меѓу кинеските и два брода на Филипини од 22-ри октомври. Филипини ја обвинија кинеската крајбрежна стража дека „намерно“ се судрила со нивните пловила.
Кинеското министерство за одбрана предупредува дека се противи на постапките со коишто се поткопуваат кинескиот суверенитет и интересите, и поднесе приговор до амбасада на Филипини во Пекинг, порача портпаролот на министерството Ванг Венбин на редовниот брифинг за новинарите.
Кинеската крајбрежна стража соопшти дека два мали филипински брода и три брода на филипинската крајбрежна стража без дозвола влегле во киенските територијални води и ја повика Манила да престане да го нарушува суверенитетот на Пекинг. Во соопштението се наведува дека кинеските постапки биле законски и дека се преземени привремени посебни аранжмани за филипинската страна за транспорт на храна и други неопходни дневни продукти.
Филипинската влада, пак, објави дека мисијата за дополнување на снабдувањето е довршена, иако нејзините пловила биле „подложени на исклучително безобѕирно и опасно вознемирување“ од страна на кинеската крајбрежна стража во непосредна близина.
Со години избувнуваат повремени судири меѓу Манила и Пекинг во областа на спорниот атол, а Кина демонстрира сѐ поголема решителност во поставувањето на своите поморски барања, од што се вознемируваат земјите во регионот вклучиелно и Јапонија, сите сојузници на САД, кои полагаат права во истата област во Јужното Кинеско Море.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави во текот на својата посета на Манила минатата сабота дека неговата земја, Филипини и САД соработуваат во заштитата на Јужното Кинеско Море.
Во четвртокот Филипини соопштија дека набавиле пет повеќенаменски бродови од 97 метри за да ја зајакнат способноста на својата крајбрежна страќа, а проектот кој чини 524 милиони долари ќе се финансира од заеми од официјалната развојна помош од Јапонија.
И Вашингтон и Токио ја поддржуваат пресудата на Постојаниот арбитражен суд во Хаг од 2016 година, во која се наведува дека „експанзивните тврдења“ на Кина немаат правна основоа, носејќи ја правната победа за Филипини без преседан. Според пресудата, атолот Шоал е внатре во ексклузивната филипинска економска зона, меѓутоа Кина ја отфрли.
Кина и Филипини имаат неколку големи спорови во Јужното Кинеско Море, во прв ред околу суверенитетот над спорните води околу атолот Секнд Томас Шоал, дел од архипелагот Спартли.
САД и Филипини неодамна договорија нови насоки за нивниот договор за заемна одбрана од 1951 година. Насоките сега прецизно наведуваат дека обврската за заемна одбрана ќе бидат активирани во случај на вооружен напад врз која и да е од двете земји „каде и да е во Јужното Кинеско Море“.
Меѓу Кина, од една страна, и американските регионални сојузници Јапонија, Виетнам, Филипини, од друга страна, постои спор во врска со поморските граници и зоните на полагање право во Јужното и Источното Кинеско Море низ кои се одвива поморски товарен сообраќај во износ од 5 билиони долари годишно. Кина архипелазите Ксиша и Нанша (Спартли), на кои претензии имаат и другите земји, ги смета за свои територии и предупреди дека нејзините активности на островите и околните води се целосно легални и потпаѓаат под кинескиот суверенитет.
САД ја обвинуваат Кина дека гради вештачки острови и гребени, како и дека на тој начин ги проширува своите територијални води што ќе ѝ овозможи контрола над областа. Пекинг ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи дека историски полага суверенитет над овие архипелази, за кои се проценува дека, исто така, кријат големи резерви од енергенси и минерали.