Филипини: Полицијата заплени дрога вредна 30 милиони долари

Полицијата на Филипините уапсила четири лица и запленила дрога вредна 30 милиони долари во текот на втората голем рација спроведена во Манила во последните 10 дена.

Мажите биле во комбе, во кое имало пет дрвени сандаци со 272 килограми кристал метамфетамин, кога ги пресретнала полицијата, изјавил шефот на силите за борба против наркотици во полицијата на Филипините, Бартоломе Тобиас.

Тој изјавил дека полицијата ја истражува врската меѓу мексиканскиот картела Сионалоа и кинескиот нарко картел на Филипините.