Филипини прогласија епидемија на денга грозница, 622 лица починати

Епидемија на денга грозница е прогласена на Филипините откако 622 луѓе починаа од оваа болест, објави CNN.

Од почетокот на годинава се регистрирани над 146.000 пациенти, што е за 98 отсто повеќе од претходната година.

Министерот за здравство Френсиско Дуке рече дека прогласувањето на епидемијата е важно за да се идентификува каде е најпотребна помошта и да им се овозможи на локалните власти пристап до фондови.