Филипини воведуваат строг „локдаун“ за запирање на ширењето на епидемијата

Филипинската влада донесе одлука да воведе строго „затворање“ во регионот на главниот град Манила со цел да го спречи острото ширење на позаразната делата варијанта на коронавирусот.

Како што е објавено во петокот од страна на владиниот портпарол Хари Роке, „затворањето“ ќе биде на сила од 6-ти до 200ти август,

Нема да биде дозволено консумирање на храна во рестораните, а и верските собирања ќе бидат забрането во текот на споменатиот период. Услужните дејности, како што се физерските салони, ќе можат да работата само со 30 отсто од капацитетот, се додава во објавата. Нема да работат ниту затворените центри за рекреација, додека туристичките атракции ќе работат за туристите, исто така, само со 30 отсто од капацитетите.

Воведувањето строг „локдаун“ следеше два дена откако здравствените стручњаци повикаа на воведување двонеделно затворање за да се спречи „катастрофалниот“ раст на бројот случаи на Covid-19 што се припишува на делта варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2. Новиот силен скок на заразите е првично забележан во регионот на Манила, со најмалку 1.000 случаи дневно, наведе истражувачката група OCTA, независен тинк-тенк кој ги истажува прогнозите за ширење на Covid-19 на Филипини.

Според проекциите на оваа група, во оваа област до крајот на август дневниот број на заразените би можел да се искачи на 13.000, доколку не бидат воведени засилени рестрикции о воведено строго „зклучување“.

Вкупниот број на заболени со Covid-19 на Филипини изнесува 1,57 милиони, а министерството за здравство објави дека во земјата во последниет 24 часа има нови 5.735 коронаинфекции. Во последното деноноќие починале 176 пациенти, а вкупниот број починат изнесува 27.577 луѓе.