Филипинскиот претседател Дутерте најави повлекување од политиката

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте најави во саботата повлекување од политиката кога ќе му заврши мандатот следната година, потхранувајќи ги шпекулациите дека ѝ прави простор на својата ќерка да го наследи на чело на државата.

„Денеска најавувам повлекување од политиката“, рече Дутерте придружуван од сенаторот Кристофер „Бонг’ Гоа од заедничката владејачка партија PDP-Leban кога вториот се регистрираше за трката за потпретседател на изборите во 2022 година.

Инаку се очекуваше Дутерте повторно да влеза во трката за потпретседател. Тој повеќе не може да се кандидира за шеф на државата, имајќи предвид дека уставот го ограничува претседателот на еден шестгодишен мандат.

Престадателовата ќерка Сара Дутерте-Карпио, која го замени татко си на градоначалничката должност во Давао, изјави во септември дека нема да се кандидира за висока фуинкција на изборите следната година, бидејќи таа и татко ѝ се договориле само еден од нив да влезе во трката. Така, денешната одлука на нејзиниот татко би можело да ѝ го исчисти патот.

„Ова ѝ овозможува на Сара Дутерте да се кандидира“, вели за Reuters Антонио Ла Вина, професор по право и политика на Универзитетот Атнео во Манила.

Меѓутоа, Ла Вина додава дека не може да се исклучи можноста Дутерте да се предомисли и да го замени Гоа во настајувањата да стане потпретседател.

Кнадидатите имаат време до петок да се ресгистираат, но повлекувањата или замените се можни до 15-ти ноември.