![ucenici-ucilnica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/ucenici-ucilnica.jpg?resize=696%2C453&ssl=1)
Кога се побаруваа реформи од страна на наставниците, родителите не се мислеше на вакви реформи. Значи она што се очекува се разбира од образованието е да понуди еден таков модел кој што ќе биде соодветен значи за потребите на личноста во 21 век, значи на потребите на интересите едноставно, на афинитетите да излезат во пресрет на младите луѓе. И да им понуди на таков начин подобро да се пласираат во општеството. Значи не вакви реформи кои што уште повеќе ќе направат конфузија во суштина кај младите“, појасни членот на НСОН, професорката Жаклина Филипова-Свеќаровска, при своето гостување на „Што не е јасно“.
Александар Панајотов, професот по музичко се надоврза и рече дека реформи во образование се нужно потребни но не вакви.
-Премногу набрзина и без детална анализа што би траело поголем временски период да речеме минимум 5 години. Вака во најмала рака несериозна и аматерски спроведена реформа во образование од страна на власта. Да не спомнуваме фактот дека иако се трубеше дека многу е сличен или ист како финскиот образовен систем, сите кои што можат да отидат на интернет и да проверат, а тоа многу лесно се проверува колку навистина е блиску со финскиот систем. На пример нешто што веќе подолго време се маргинализира тука во Македонија, а тоа е музиката, уметноста генерално што е навистина голема штета и грев затоа што овој нардо е многу музикален и всушност му се одзема душата народот со ова, што се обидуваат да го протнат. Да не спомнувам за тоа дека во финскиот систем и те како имаат часови по музичко и часови по ликовна уметност. Не се будали таму луѓето што своите деца дополнително ги носат на часови по музички инструменти. А, тука со оваа реформа само ќе се постигне голема штета. Децата ќе се направат духовни инвалиди, појасни Панајотов.
Претседателот на Независниот синдикат за образование и наука и професор по географија Томислав Гиевски посочи дека реакциите на колегите во однос на тоа посочуваат недоверба во системот. Фузирање на предмети треба да трае 10-20 години, а не тоа да се прави преку ноќ тоа така не оди.