Филков изрази сочувство до семејството на Фросина: Целиот систем мора да се менува

Министерот за правда Игор Филков утринава изрази сочувство за загинатата Фросина Ќулакова и порача дека неговата мисија  е да ги смени работите од корен во системот.

„Упатувам сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Ќулакова.

Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“, вели министерот во соопштение до јавноста.