![policija huligani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/policija-huligani.jpg?resize=652%2C365&ssl=1)
Затвореник, со повеќе тешки кривични дела, од казнено-поправната институци „Идризово“, денеска им побегнал на затворските чувари кога бил вреќана во установата од блонички преглед.
Од Министерството за внатрешни работи за НетПрес потврдија дека од страна на затворската полиција е пријавено дека во понеделникот претпладнето од полициско комбе побегнал затвореник. Полицијата е на местото на настанот и откако се известени од КПД „Идризово“ преземаат мерки за пронаоѓање на бегалецот.
Според досегашните информации, станува збор за 37-годишен затвореник кој бил пренесуван од повторно во затворот, откако бил враќан од редовен зравствен преглед.
Непотврдени информации говорат дека инцидентот се одиграл кон скопската населба Автокоманда, а бегалецот наводно се упатил во правец кон Арачиново.
Според информациите, лицето издржува затворска казна од 7 години и 7 месеци. Тоа при враќање од болницата успеал да избега од затворските чувари. Затвореникот побарал да биде направена пауза на една бензинска станица за да може да оди во тоалет, а потоа успеал да побегне.