Финалето на Копа Америка со навивачи на „Маракана“

Властите на бразилскиот мегалополис Рио де Жанеиро дозволија враќање на дел од навивачите на финалето на јужноамериканското фудбалско првенство Копа Америка, во кое во саботата ќе се судрат селекциите на Бразил и Аргентина на стадионот „Маракана“.

Локалните власти дозволија присуство на гледачите од 10 отсто од капацитетот на „Маракана“, што изнесусва 7.800 лица.

Тоа ќе биде првиот натпревар со гледачи на годинешното првенство на Јужна Америка, кое се одржува во Бразил. На трибините ќе можат да се сместам само лицата со негативен тест на коронавирусот кој е направен најмалку 48 часа претходно.

Одлуката е донесена откако организаторите ги претставија „протоколите за работа и акредитации кои ги носат мерките за заштита на здравјето на вклучените, користејќи ги соодветените алатки за спречување на заразата и ширењето на Covid-19“, се наведува во соопштението на властите на Рио де Жанеиро.

Пандемијата на коронавирусот во Бразил однесе досега 530.000 животи, од кои околу 30.000 само во Рио де Жанеиро.