Финалето на Европското првенство во ракомет што ќе се одржи во Шпанија во 2028 година би можело да се игра пред рекордни 81.000 гледачи на фудбалскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, изјави во средата претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
„Во моментов разговараме со Шпанија за финалето во Мадрид во 2028 година. Би сакале тоа да се одржи на Бернабеу“, изјави претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер за германскиот весник Bild.
Претседателот на Шпанската ракометна федерација Франциско Бласкез ја предложи идејата ракометното финале да се одржи во домот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид. Тоа беше одобрено од ЕХФ откако овој месец во „Меркур Шпил-арената“ во Дизелдорф пред 53.586 гледачи се одигра воведниот натпревар на актуелното Европско првенство во Германија меѓу селекциите на Македонија и Франција.
„Пред тој натпревар во Дизелдорф јас не бев за финалето на фудбалскиот стадион., бидејќи ризикот беше преголем тоа да не функционира и да му се наштети на натпреварот. Сега, меѓиутоа, мислам дека финалето може да се игра на стадионот доколку организаторите се доволно професионални. Името ‘Сантијаго Бернабеу’ звучи добро“, зјави Видерер.
Додаде дека има уште многу време до првенството во Шпанија, но дека „интензивно се проучува можноста да се игра на теренот на Реал Мадрид“.
Претседателот на шпанската ракометна федерација изјави дека за ова ќе разговара со раководството на „Кралскиот клуб“ во наредните денови.