
Екипата на МЗТ ја доби организацијата на завршниот турнир во АБА 2 лигата. Покрај Скопје, во конкуренција беше и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.
Најдобриот македонски кошаркарски колектив во салата „Јане Сандански“ ќе ги собере екипите од АБА 2 лигата кои што ќе настапат во плеј-офот во борбата за влез во најсилната регионална лига.
МЗТ е еден од главните фаворити за тоа, а од голема помош ќе биде и домашната публика, популарните „Фемили Аеродром“. Сепак, треба да се одиграат уште три рунди од регуларниот дел од сезоната, а потоа целиот фокус на „металците“ да биде насочен кон успешно враќање во регионалната елита.