Од Управата за финансиска полиција за ТВ21 соопштија дека вршат проверки во Македонски навигации. Од оваа институција тие велат дека дејствуваат врз основа на извештајот што е направен.
– Според нашите надлежности, ние ќе извршиме проверки за да видиме дали има сомневања за кривични дела. Контролите ќе бидат направени во финансискиот дел, во процедурите и така натаму. Ќе постапиме според извештајот што е доставен и согласно надлежностите на Управата за финансиска полиција ќе извршиме контроли и увиди во работењето на М-НАВ – велат од Управата за финансиска полиција.
Се очекува Владата на денешната редовна седница да ги разреши директорите на контролата за летање, откако партиски луѓе на ДУИ тепаа вработени во четвртокот.