Финансиска полиција поднесе кривична против Канческа- Милевска

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешната министерка за култура, Е.К.М. заменик министерот Драган Недељковиќ и Ѓ.Т државен советник за финансиски прашања при министерството, поради основано сомнение за несовенсо работење.

Во 2009 година, тие примиле фактури од  странска компанија, во кои незконски е вклучен ДДВ,  спротивно на Законот за трговски друштва, според кој странски друштва не можат да вршат дејност во Р.М. ако немаат подружница.

Потпишани биле налози за исплата, со што е оштетен државниот буџет со 2.770.640 евра.