Финансиска полиција влезе во Клиниките за хематологија и ревматологија

Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), објави НОВА.

Инспекторите ја истражуваат последната набавка на исклучително скапиот лек Мабтера кој наводно бил донесен во земјава преку паралелен увоз.

„Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек.  Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали  имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци. Но, ова ќе потрае, сега сме на половина пат“, потврдија за НОВА од Финансиската полиција.