На европските берзи во вторник во претпланевното тргување берзанските индекси пораснаа, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во финансискиот сектор.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,4 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,35 отсто, на 8.239 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,40 отсто, на 17.797 поени, а париски CAC за 0,39 отсто, на 7.278 поени.
Најмногу претпладнево поскапеа цените на акциите во финансискиот сектор, во просек за 0,8 отсто, додека во туристичкиот сектор паднаа за речиси 0,9 отсто.
Пораснаа и индексите на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонскитеи, во истиот пресек од тргувањето како и во Европа, порасна за 0,15 отсто. Истовремено, индексот Nikke скокна за повеќе од 3 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Хонгконг и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто.
Силниот раст на јапонскиот индекс Nikkei главно се должи на скокот на цените на акциите во технолошкиот и финансискиот сектор, по остриот пад минатата седмици. На другите азиски берзи се тргува повнимателно, како што беше вчера на Волстрит, бидејќи инвеститорите се воздржани пред извештајот за инфлацијата во САД, што може да влијае на насоката на пазарите.
Тој извештајот ќе покаже дали има простор за намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Пазарот очекува дека Fed може да започне со намалување на каматните стапки во септември. Доколку податоците за инфлацијата се подобри од очекуваното, пазарот може да расте. Доколку, пак, се послаби од очекуваното, пазарот би можел да се најде под притисок, бидејќи тоа би значело дека поради високата инфлација, Fed нема да може толку брзо да ги намали каматните стапки.