Финансискиот сектор стабилен, потребни инвестиции

Богов: Банкарскиот систем стабилен, банките работат нормално, фото: МИА

Финансискиот сектор е стабилен, банките се добро капитализирани, високо ликвидни, подготвени да ја поддржат македонската економија, но потребна е засилена инвесетициска активност,  заклучи Комитетот за финансиска стабилност. Покрај гувернерот Димитар Богов, на состанокот присуствува и министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Условите се стабилни веќе подолг период, банките се високо ликвидни и она што е неопходно е да се врати довербата кај инвеститорите, да се зголеми побарувачката за кредити, банките се подготвени и може да ги испорачаат, но потребни се поквалитетни проекти и засилена инвестициска активност-изјави гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Според министерот Драган Тевдовски, финансискиот сектор е подготвен да обезбеди поддршка за раст на македонската економија, а монетраната политка ќе зависи од движењата во еврозоната, фискалната политика, полтичката стабилност, платниот биланс.

– Повратот на ДДВ во првите два месеци е за 56 насто поголем од истиот период лани. Во стопанатсвото се вратени 1,4 милијради денари. На почетокот на годинава, реализацацијата на капиталните инвестиции беше пониска, се врши притисок врз буџетските корисници за нивно зголемување. Реализацијата на капиталните инвестции беше добра во последните месеци. Секојдневно правиме притисок и очекуваме дека Македонија ќе има поголемо ниво на капитални инвестиции од 2017- година- изјави Тевдовски.

Според него, приходите се солидни и обезбедуваат адекватен раст, па ребаланс на буџетот не се подготвува.