Рускиот државен имот во Хелсинки кој беше привремено запленет е ослободен, изјави за медиумите шефот на финскиот Оддел за извршители, Аки Виртанен. Финските власти минатата недела конфискуваа руски културен центар и станови на дипломати, потег што ја поттикна Москва да интервенира.
Хелсинки не најде причини за заплената, изјави Виртанен за финската телевизија YLE. Првично, властите воведоа тринеделно ограничување за зградата на културниот центар, околната парцела и становите на дипломатите кои работат таму.
Според Виртанен, потребно е време да се провери дали некој од објектите е поврзан со ентитети или поединци на црната листа на ЕУ. Весникот Хелсингин саномат во вторникот објави дека седумте станови се во сопственост на Росотрудничество, руска федерална агенција за надворешна соработка која беше санкционирана од ЕУ минатата година.
Руското МНР побара објаснување од Хелсинки и инсистираше објектите да уживаат дипломатски имунитет. Руската амбасада во Хелсинки исто така соопшти дека е во „контакт со финските власти за ова прашање“. Финското Министерство за надворешни работи потврди дека ја примило нотата од Русија. Ниту Финска, ниту Русија досега официјално не го коментираа ослободувањето на имотот.
САД и нивните сојузници, вклучително и ЕУ, воведоа опсежни санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина. Ограничувањата вклучуваат заплени на имот и санкции за бројни руски функционери, како и владини и невладини субјекти. Москва го осуди заплената на нејзиниот имот во странство како „кражба“.